Британскиот месечен магазин The Banker еднаш во годината ги рангира гувернерите во Европа. Критериумите за рангирање се: предизвици со кои гувернерот се соочува, начинот на нивно решавање и ефектот од решението.
Елвира Набиулина, е победникот за 2017 година, Гувернер на Русија. Таа не е прва жена на оваа позиција, пред неа тронот и припаѓал на Татјана Парамонова. Но, Набиулина е прва жена русинка во G8.
Набиулина го наследи гувернерот на Банката на Англија, Марк Карни, кој ја освои наградата на магазинот во 2016 година. Набиулина успеа да ја маневрира својата земја низ период погоден од девалвирана валута и проблеми во банкарскиот сектор.
На почетокот на 2016 година, инфлацијата изнесуваше околу 12,9 отсто, највисока стапка на Русија од 2008 година. Според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), инфлацијата во Русија не паднала под 6,1% од 1992 година. Сепак, благодарение на напорите на Набиулина, бројката падна под магичната бројка од 6% до крајот на годината. Руската статистичка агенција Rosstat тврди дека на крајот од 2016 година инфлацијата е само 5,4%. Според неа, намалувањето на инфлацијата е најдобриот начин за подобрување на економскиот раст во Русија.
Падот на инфлацијата, исто така треба да влијае на каматните стапки и да доведе до нивно намалување. Тоа и се случи, каматната стапка на банката, минатата година падна за еден процент и изнесува 10%.
Кога националната валута, рубљата, беше загрозена од присилна економска дестабилизација на државата, Гувернерката реши дека нема да ги искористи девизните резерви за да го задржи курсот. Затоа, дозволи слободен пад на рубљата во споредба со доларот, наместо да уфрли нови средства во економијата. Решила дека ако мора да одбере помеѓу трошење на девизните резерви и моментално и краткотрајно намалување на курсот, сепак треба да избере да не ги троши резервите. Нормално, курсот рубла и долар се стабилизираше и нејзината одлука, иако чудна кога беше донесена, се покажа како многу добра.
Набиулина претходно работела на економски развој на Русија, а потоа била министер за трговија помеѓу 2007 и 2012 година. Била и советник на претседателот Владимир Путин за економски прашања до јуни 2013 година, кога ја презема нејзината сегашна позиција. Според Forbes во 2014 била рангирана за 72-ра најмоќна жена на светот.