Актуелно 01.12.2025 13:42

Средба Николоски – Тигањ: Македонија и Хрватска бележат одлични билатерални и трговски односи

Средба Николоски – Тигањ: Македонија и Хрватска бележат одлични билатерални и трговски односи

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска се сретна со хрватската амбасадорка во Македонија Нивес Тигањ.

-Разговаравме за инфраструктурните проекти, за евроинтеграцијата и економската соработка.

Македонија и Хрватска бележат одлични билатерални и трговски односи. Се согласивме дека земјите во регионот може да напредуваат само преку економската соработка, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Николоски.