Зоран Заев на сметка на уставниот поредок, на сметка на државните и национални интереси се самопромовира во лидер со најголем рејтинг меѓу етничките Албанци, реагира Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.
-Заев замина на луксузен одмор во странство, во Германија и остави, даде зелено светло да се реализира уште еден насилнички акт против Република Македонија; Акт за спроведување двојазичност и рушење на уставноста во Република Македонија! Вицепремиерот Бујар Османи го потврди тоа што СДСМ го криеше од граѓаните. Реализацијата на шверцуваниот закон за двојазичност остава последици по државата; а згора на тоа подразбира и финансирање нова инфраструктура со стотици нови вработувања во администрацијата. Организираната група за загрозување на уставниот поредок -мора да одговара за тешки злоупотреби на службената положба и овластување со токму таква намера, да го загрозат уставниот поредок и да нанесат огромна штета врз буџетот на РМ. Директорот на Службен Весник Мартин Костовски, заедно со Талат Џафери и Неџбели Ибраими, свесно, со умисла, и со најава, на криминален начин, вон сите прописи, овозможија да биде објавен Закон без потпис од претседателот на Република Македонија, вели тој.
Стоилковски потсетува дека ВМРО-ДПМНЕ поднесе Кривична пријава против Костовски, Џафери и Ибраими.
-Тројцата здружени, објавија Закон и покрај сите јавни експертски толкувања на прописите, спротивно на укажувања од штетноста на такво однесување, како и спротивноста на воспоставената правна пракса; укинат Закон од Уставниот суд на Република Македонија, објавен без потпис на Претседателот. Токму затоа, ВМРО-ДПМНЕ поднесе Кривична пријава против Костовски, Џафери и Ибраими, за Злосторничко здружување, за Злоупотреба на службена положба и овластувања и за Саботажа, дела за кои што се предвидуваат долгогодишни затворски казни! Постои група,постои организираност, постои намера, постои цел- а тоа е свесно и со умисла, со злоупотреба на своите функции и работни обврски, спротивно на пропишана процедурата за прогласување на закон, да предизвикаат стапување на сила на Законот за употреба на јазиците и со тоа да го загрозат уставниот поредок и да нанесат финансиска штета на државата. Постои огромна оправданост за кривична пријава за објавувањето на Законот во Службен весник. Почитувани , Секој што ќе ги прекрши Уставот и законите МОРА да одговара. Јавнообвинителскиот систем мора да почне да работи по закон и да ги штити интересите на граѓаните и државата наместо затворени во пупката на прислушување да ги штити интересите на политичката врхушка. Системот мора да ја процесуира кривичната пријава против организираната група за загрозување на уставниот поредок. Криминалите против државата не застаруваат, ќе одговараат по Кривичните пријави што ги поднесува ВМРО-ДПМНЕ. Ќе одговараат многу брзо, сите, од прв до последен, заклучи Стоилковски.