Правниот Франкенштајн СЈО, вон сите закони, служи како алатка во заплашувањата за едно општество само за Зоран Заев и криминалната однародена банда, за вработување на кадри кои го девастираат правото, а судството и правниот систем ги претворија во отворена пупка седната во скутот на единствениот аболициран политичар за криминал во Европа.Помилуваниот однароден криминалец знае дека ВМРО-ДПМНЕ е последниот бедем во заштита на државните и национални интереси, и затоа ги впрегна партиските обвинители од СЈО и клиентелистичкиот суд за да се замрзне имотот на ВМРО-ДПМНЕ, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски и додаде:
„По бандитизмот со силувањето на демократијата и на Собранието, веќе не се бираат средства за оваа банда да си обезбеди бришан простор за реализација на распродажбата на се што е македонско и за општ грабеж. Еден месец по референдумскиот дебакл на Заев, партиското обвинителство СЈО во своето незаконско работење, побара да биде замрзнат целокупниот имот на партијата, а партиското судство без никаква основа донесе позитивна одлука. Сето ова се случува во време кога Заев го гази отфрлањето на капитулацијата и на помалку од шест месеци пред одржувањето на претседателските избори во Република Македонија.“
Стоилковски потенцира дека барањето на СЈО и одлуката на судиите се исклучиво, и исклучиво политички мотивирани, а одлуката на судиите Димишкова и Реџепагиќ се целосно неосновани и без никаква правна аргументација.
-Прво и основно, не постои мандат, овластувања и надлежност за поведување на барање за определување на привремени мерки од страна на СЈО. Второ и уште поважно, ВМРО-ДПМНЕ како правно лице воопшто не е осомничено во постапката, туку единствената намера е политички прогон и нарушување на можноста за нормално делување на политичка партија на опозицијата. Судот незаконски задира во правата на лица кои не се осомничени и со тоа јавно се испраќа порака на заплашување дека секој може да биде жртва доколку не се согласува или се спротивставува со антидржавните политики на Заев. Почитувани, ќе ја повторам пораката до политичките инспиратори, нарачатели, помагачи и реализатори на ова црно сценарио: можете да се заканувате, можете да се обидете да уценувате, да блокирате и да попречувате. Но не ви се плашиме. Со секое насилство дополнително мотивирате. ВМРО-ДПМНЕ нема да го скршите, бидејќи ништо не може да ја скрши волја и одлучноста во борбата за Македонија, порача Стоилковски.