Во вечерашното гостување на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија, Татјана Стојановска, еко активист посочи низа замерки до заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, кои никако да тргнат од мртва точка за да им помогнат на граѓаните.
Јас имам многу забелешки на таа тема, не знам колку ќе биде спремен бидејќи не знам колку ингеренциите на министерството за животна средина се во таа област за која имам најмногу забелешки. Бидејќи заменик министерот ќе се повлече дека тие се само министерство но начелно во моментот имаме багери позиционирани на две позиции. На едната позиција имаат дозвола за градба според министерството за транспорт и врски од веќе проектирана траса за гасовод. Но во рамките на преговорите бо кое што учествуваше министерството на г. Макрадули беше договорено, мислам од нивна страна беше преземена обврска дека таа траса ќе се измени. Ние не се договоривме напротив рековме дека воопшто не треба да се реализира. Но тие упорно го изведуваат тој момент на промена на трасата, нагласи Стојановска.
Стојановска посочи дека и на сето тоа иницијатирање на јавноста дека прават промена на трасата, намалување на штета на Водно, повторно имаме ситуација во која што на врвот на Водно дојде до недозволено движење на багерите и тие моментално се се уште таму.
Јас не разбирам, ние имавме реакција јавно, и до министерството и до инспекторатите дека таму каде што моментално стојат багерите и каде што имаат почнато да рамнат немаат дозвола за градба. Ниту пак по нашите нови информации имаат поднесено барање за дозвола за градба на тој дел. Не разбирам како ниеден инспекторат да не реагира на сето ова, образложи Стојановска.