Банкарство 31.05.2018 11:07

Стопанска банка АД Скопје ќе ја подели во дивиденда целата добивка од 2017 година

Стопанска банка АД Скопје ќе ја подели во дивиденда целата добивка од 2017 година

Собранието на акционери на Стопанска банка АД Скопје  донесе Одлука за исплата на дивиденда за обични акции во вкупен бруто износ од 2.042.841.060,00 денари и 2.274.440,00 денари за приоритетните акции.

Бруто дивидендата по акција за обичните акции изнесува 117,00 денари.

Датум на евиденција, според кој се определува листата на акционери кои имаат право на дивиденда, односно датум на пресек на акционерската книга е 14.06.2018 година.

Последен ден на тргување со право на дивиденда е 12.06.2018 година.

Прв ден на тргување без право на дивиденда ќе биде 13.06.2018 година.

Исплатата на дивиденда ќе започне од 20.06.2018 година.

Исплатата на дивиденда за приоритетните акции ќе изнесува 10 денари бруто по акција