Во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 2.746.346 илјади денари или над 44 милиони евра, што преставува зголемување за 34,4% споредено со нето добивката остварена во 2017 година.
Зголемениот резултат се должи на успешното редовно работење, пред се на зголемените нето приходи/(Расходи) од камата како и нето приходи/(Расходи) од провизии и надоместоци. Една од причините која има значително влијание на зголемениот резултат се должи и на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци, кој во текот на 2017 година се соочи со влошување на состојбите, поради што СБ имаше потреба од издвојување на исправка на вредност. За разрешување на статусот на должникот СБ склучи договор за продажба на своите побарувања, кој се реализираше во текот на март 2018 година со кој успешно се разреши овој случај.
Нето приходите од камати изнесуваат 3.827.100 илјади денари, односно се зголемени 4,1% во однос на истиот показател од 2017 година, при што приходите од камати забележаа зголемување од 1,8%, додека расходите од камата забележаа намалување од 9,4%.
Нето приходите од провизии и надоместоци изнесуваат 1.004.159 илјади денари и се повисоки за 2,3% од истите во 2017 година како резултат на остварен пораст на нето провизиите и надоместоци од услугите.
Нето приходите од курсни разлики изнесуваат 105.173 илјади денари и се намалени за 2,3% во однос на претходно анализираниот период, пред се како резултат на намалувањето на маргините
Останатите приходи од дејноста забележаа зголемување од 16,6%, додека останатите расходи од дејноста забележаа намалување за 2,6%.
Трошоците за вработени на СБ изнесуваат 869.802 илјади денари.
Во анализираниот период СБ покажа исправка на вредност на финансиските средстваи посебна резерва за вонбилансната изложеност, на нето основа во износ од 531.646 илјади денари што преставува намалување од 39,7%, пред се како резултат на успешното разрешување на статусот на должникот Фени Кавадарци, како и на неколку останати клиенти.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.