Финансии 21.12.2018 16:07

Стопанска, НЛБ и Комерцијална банка лидери по профитабилност за периодот јануари-септември 2018

Стопанска, НЛБ и Комерцијална банка лидери по профитабилност за периодот јануари-септември 2018

Македонска берза на официјалниот сајт го објави прегледот на финансиските податоци на котираните друштва за периодот 01.01-30.09.2018 година.

Од вкупно 101 компанија, 72 завршиле со добивка, а 29 компании завршиле со загуба.

По профитабилноста повторно банкарскиот сектор се најде на врвот на табелата. Со 2.589.629.000 денари Стопанска банка АД Скопје е лидер на листата, потоа следува НЛБ Банка АД Скопје со добивка од 1.857.410.000 денари и на третото место е Комерцијална банка АД Скопје со добивка од 1.728.934.000 денари.

Меѓу 10-те компании со најголема добивка покрај трите банки се и Македонски телеком, Мермерен комбинат, Алкалоид, Охридска банка, Цементарница УСЈЕ, Макпетрол и УНИ банка.

Комплетниот преглед можете да го погледнете тука.