Актуелно 11.05.2018 12:19

Струмица повторно најзагаден град во Европа: Вечерва енормно загадување со канцерогени честички, Заев и градоначалникот нешто кријат?

Струмица повторно најзагаден град во Европа: Вечерва енормно загадување со канцерогени честички, Заев и градоначалникот нешто кријат?

трумица вечерва повторно е најзагаден град во Европа со канцерогени ПМ 10 честички од дури 205 mg/m3, што повеќе од три пати повеќе од дозволените 50 mg/m3.

Енормното загадување е честа глетка во зимскиот период, но во Струмица и на пролет, во месец мај загадувањето е огромно. Ова е втор пат месецов загадувањето да биде неколку пати повисоко од дозволеното.

Се поставува прашањето дали градоначалникот Коста Јаневски и премиерот Зоран Заев кој беше градски татко на Струмица кријат кој го труе градот.

Кој ја труе Струмица: Вечерва е најзагаден град во Европа, загадувањето е 10 пати од максимално дозволеното, Заев и градоначалникот молчат

Струмица вечерва е убедливо најзагадениот град во Европа. Заагадувањето со канцерогените ПМ 10 честички моментно е 493 mg/m3, а максималната дозволена граница е 50 mg/m3.

Се поставува прашањето кој ја труе Струмица, зашто ова се екстремно високи количини на загадување.

Иако е месец мај и пролет, сепак загадувањето е огромно, а ваквото изложување на канцерогените честички ПМ 10 е опасно за здравјето, особено за децата и болните.

Додека Струмица се гуши, премиерот Зоран Заев и градоначалникот Коста Јаневски не преземаат ништо веќе со години.

Куманово и Струмица вечерва се убедливо најзагадените градови, Заев и СДСМ со децении лажеа дека ќе го решат проблемот со загадувањето

Куманово и Струмица вечерва се убедливо најзагадените градови во Македонија. Зоран Заев и СДСМ со децении лажеа дека ќе го решат проблемот со загадувањето.

Овие два града вечерва повторно се гушат во смог, мерните станици за квалитетот на воздухот, покажуваат ниво на загаденост 5 пати над нормалата.

Мерната станица во Куманово бележи најголема загаденост, таму ПМ10 честичките се искачија до 271 микрограми на метар кубен што е многу повеќе од дозволената граница, загаденоста во Струмица пак, 252 микрограми на метар кубен.

Додека градовите низ Македонија се гушат во канцерогениот воздух, а мерачите на загаденост прегореа, премиерот Зоран Заев и неговите градоначалници не мрдаат.

Граѓаните се повеќе се загрижени за неодговорноста на локалната власт и на владата во однос на загадувањето.

Додека лагите и безцелните ветувања на СДСМ, испливуваат на површина, граѓаните се повеќе ги чуствуваат последиците од загадениот воздух, а болниците се преполни од пациетни со распираторни заболувања. 

Воздухот во Скопје екстремно загаден, Струмица најзагаден град во Македонија

Воздухот во главниот град есктремно загаден и за време на последното деноноќие, со измерени максимални 584 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во Лисиче, додека најзагаден град во последните 24 часа во Македонија беше Струмица со измерени 670 микрограми на метар кубен.

Високи отчитувања покажаа мерењата на сите мерни станици во Скопје. Кај Ректорат ПМ10 честичките синоќа се искачија до 362 микрограми на метар кубен, 313 во Карпош, 250 во Гази Баба, 202 во Центар, а највисоката измерена вредност на ПМ10 честички во Миладиновци во последните 24 часа беше 201.

Загадено беше и во другите градови во Македонија. Во Битола беа измерени 355 микрограми ПМ10 честички на метар кубен, во Тетово максимумот беше 219, 165 во Кичево, 473 во Куманово, 461 во Кавадарци и 162 во Кочани.

Воздухот е загаден речиси низ целата република и утрово. Во Лисиче во 10 часот беа измерени 213 микрограми на метар кубен, 156 во Центар, 139 во Карпош, 150 во Гази Баба, 192 кај Ректорат, 108 во Миладиновци, 101 и 85 на мерните станици во Битола, 132 во Тетово, 69 во Кочани, 55 во Кавадарци, 109 во Куманово, 187 во Струмица.