Свинската тенија во луѓето може да живее со години, а во ретки случаи може да дојде и до мозокот.
Фотографијата погоре микроскопски ја фотографирала Тереза Згода од Технолошкиот институт Рочестер во Њујорк. Со таа фотографија освоила 4. место на натпреварот по фотографија 2017 Nikon Small World.
Свинската тенија во човечкиот организам може да влезе ако се консумира недоволно термички обработено месо, во кое се пронајдени јајца или ларви. Ларвите излегуваат од кожурецот откако ќе стигнат до тенкото црево. А таму, живее со години.
На почеток не се чувствуваат никакви симптоми, но подоцна настанува гадење, пролив и губење на тежина.
Слично на тоа во човечкото тело може да навлезе и говедската тенија – па затоа е многу важно месото добро термички да се обработи.
“Свинската тенија (Taenia solium) и говедската тенија (Taenia saginata) се присутни во оние делови од светот каде што вообичаено се конзумира свинско/говедско месо, особено ако е сурово, недоволно печено или недоволно солено и чадено. Свињата и говедото се преодни носители, се заразуваат на пасиштата, кога преку храната или водата во организмот ќе внесат јајца. Од нив во тенкото црево на свињата/добитокот se ослободува ларва, која продира низ ѕидовите на цревата и преку крвта доаѓа до напречно-пругастите мускули на свињата/говедото, каде што се развива во икра – cisticerk“ – пишува на интернет-страницата на Наставниот институт за јавно здравје.
Еве како да се заштитиме
Во превенцијата најважна е термичката обработка на месото при што изложеноста на икрата на температура до 56 степени Целзиусови по пет минути доведува до нејзиното уништување. Чување на месото со солење на долг период или замрзнување на -10 степени во текот на девет дена, исто така, ги убива јајцата. Важно е да се купува и јаде месо кое поминало соодветна ветеринарна и санитарна контрола.