Актуелно 08.09.2018 18:30

Тешка сообраќајка кај Плетвар, едно лице загин

Тешка сообраќајка кај Плетвар, едно лице загин

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случи попладнево околу 17:20 часот на патот Прилеп-Градско, кај Плетвар, дознава КУРИР.

Според првичните информации во несреќата учествувале автомобил и мотор, а при директниот судир животот на лице место го загубил мотоциклистот.

Неофицијално во несреќата повредени се уште две лица.

Од МВР за Курир потврдија дека е случена сообраќајна несреќа, но не откриваат повеќе детали.

Повеќе информации ќе бидат познати по завршувањето на полицискиот увид кој е во тек.

Сообраќајот на овој патен правец со одвива со наизменично пропуштање на возилата.