Вчера околу 13:50 часот на улица „Алексо Демниевски“ во Велес, патничко возило „Ауди“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.К. (33) од Велес, удрило во 11-годишно девојче од Велес.
Девојчето се здобило со тешки телесни повреди и е пренесено во општата болница Велес.
Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, се наведува во полицискиот билтен.