Актуелно 14.11.2018 22:41

Тортевски: Спасовски врши политички притисок врз судот, доказ за тоа е денешната одлука за притвор на Јанакиески и Божиновски

Тортевски: Спасовски врши политички притисок врз судот, доказ за тоа е денешната одлука за притвор на Јанакиески и Божиновски

Коментирајќи ја изјавата на Спасовски во емисијата „Само Вистина“ и неговото барање за притвор на останатите обвинети во случаите на СЈО, тој истакна дека министерот со ова врши класичен политички притисок за да се изрекуваат мерки притвор, врз судот. Да се потсетиме дека токму денес неполни 24 часа по изјавата на министерот за внатрешни судот изрече мерка притвор за двајцата поранешни високи државни и партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Божиновски и Миле Јанакиески.

Тортевски смета дека се врши притисок врз институциите да носат одлуки, а како доказ за тоа го посочи притворањето на Јанакиевски и Божиновски.

– Веднаш по изјавата на Оливер Спасовски во однос на бегството на Никола Груевски дека ќе се побара притвор за опфатените со судски постапки, а денес имаме апсење на Јанакиески и Божиновски. Тоа е притисок врз институциите, потенцираше адвокатот Тортевски.