Актуелно 06.11.2018 12:02

Трагедија утрово во Македонија: Се судри автобус со автомобил, едно лице загина, петмина се повредени

Трагедија утрово во Македонија: Се судри автобус со автомобил, едно лице загина, петмина се повредени

На шести ноември оваа година, во 05 часот и 45 минути,  на магистралниот пат Подмолје-Струга, на крстосницата кај селото Мислешево, случена е сообраќајна незгода, во која едно лице го загуби животот а пет други имаат телесни повредени, информираат од СВР Охрид.

Сообраќајната незгода, се случила помеѓу автобус со охридски регистарски ознаки и патнички автомобил „Шери“ со струшки регистарски ознаки, управуван од сега починатиот.

На местото на сообраќајнате незгода, увид изврши надлежен Јавен обвинител како и полициски екипи од полициската станица Струга.

Се преземаат мерки за идентификација на сега починатиот.