Актуелно 31.07.2018 09:44

Трамп: Не ги укинуваме санкциите кон Русија

Трамп: Не ги укинуваме санкциите кон Русија

Претседателот на САД, Доналд Трамп тврди дека Вашингтон нема да ги укине санкциите кон Русија.

Трамп на заедничка прес конференција во Вашингтон со италијанскиот преседател Џузепе Конте наведе дека статусот на санкциите нема да се менува и покрај барањата на Русија.

Конте посочи дека укинувањето на санкциите би било „незамисливо“.

Трамп упати и критики кон Германија поради што прифатила да се користи рускиот Северен поток.

МИА