Поради лошите временски услови, квалитетот на тутунот од годинашната реколта под знак прашалник.
Во екот на бербата на тутунот, заради екстремно лошите временски услови, прилепските тутунопроизводители, крајно се загржени за неговиот квалитет, а оттука и за откупната цена. Стравуваат дека годинава нема да им се исплати маката.
И од Сојузот на тутунски здруженија ја регистрираат истата состојба. Велат дека се во преговори со Владата и со откупувачите задолжително да се има предвид новонастанатата ситуација.
Инаку, според планот од почетокот на реколтата, годинава се очекуваа да се произведат околу 28 милиони килограми тутун. Но, заради наведените состојби, најверојатно родот ќе тежи помалку, а ќе биде и понеквалитетен, заради што, како што велат тутунарите, и интервенцијата од државата ќе биде повеќе од неопходна.