Дали претседателот на Сојузот на здруженија на тутунопроизводителите, Кире Неделковски, извршил злоупотреба на околу 150 илјади евра? Според информации до кој дојде Економски Лидер, претседателот наводно овие средства од сметката на Сојузот ги потрошил ненаменски.
Согласно член 27 од Законот за тутун и тутунски производи, надоместокот за организирање и застапување на претставник од здружението при отупот на тутун, паѓа на товар на производителот, го пресметува откупувачот при исплата на откупениот тутун и го уплатува на највисоката асоцијација на тутунопроизводителите. Висината на надоместокот за претставник на здружение ја определува највисоката асоцијација на тутунопроизводителите пред почетокот на откупут, со согласност од МЗШВ. За 2017 година таа изнесувала 0,35 денари по килограм.
Инаку овие средства се одбиваат од тутунопрозиводителите при откупот на тутун. Откупувачот при исплата на откупениот тутун ги исплаќа парите на сметка на Сојузот.
Според извори на Економски Лидер, откопувачите префрлиле средства на Сојузот, но Неделковски, ги потрошил парите.
Од реколтата за претходната 2017 година, откупен е 23.600.000 килограми тутун. Просечната цена изнесувала 217 денари по килограм. Надоместокот за застапување на претставник од здружението изнесуваше 0,35% по килограм. Според оваа математика, за застапнување на претставник, за минатата година, се издвоени 17.924.200 денари, односно 291.450 евра. Според нашите информации се отвора сомнеж дека од овие средсва, претседателот на Сојузот, наводно, ненаменски потрошил околу 150 илјади евра.
За овој случај досега се нема изјаснато никој од МЗШВ.