Банкарство 28.09.2018 19:21

Убава вест: Паѓаат каматите на кредитите, растат на штедните влогови

Убава вест: Паѓаат каматите на кредитите, растат на штедните влогови

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи
и во август 2018 година, со остварено месечно намалување од 0,01 п.п., при што
стапката се сведе на 5,49%, соопшти Народната банка.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од
претходниот месец и изнесува 1,42%.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во август оствари месечно
намалување од 0,02 процентни поени (п.п.) и изнесува 4,85%. Од друга страна,
просечната каматна стапка на новопримените депозити се зголеми за 0,28 п.п. и
изнесува на 1,54%.
Во август, каматната стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор
изнесува 4,81% и на месечна основа е намалена за 0,02 п.п..

Промената произлегува од каматните стапки на кредитите во странска валута и
кредитите во денари без валутна клаузула (пад за 0,05 и 0,02 п.п., соодветно), при
минимално зголемување на каматната стапка на денарските кредити со валутна
клаузула (за 0,01 п.п.). Во споредба со август 2017 година, оваа каматна стапка е
намалена за 0,61 п.п..
Во август, просечната каматна стапка по која се одобрувале новите кредити на
корпоративниот сектор изнесува 4,58% и во споредба со претходниот месец забележа
минимален месечен раст од 0,01 п.п.. На годишна основа, кај оваа каматна стапка е
забележан пад од 0,38 п.п..
Просечната каматна стапка на вкупните депозити од корпоративниот сектор во август
изнесува 1,60%, при месечно зголемување од 0,05 п.п..
Анализирано според валутната структура, промената произлегува од растот на
каматната стапка на примените денарски депозити со валутна клаузула (за 0,23 п.п.),
како и на каматната стапка на депозитите во странска валута (за 0,09 п.п.). Споредено
на годишна основа, стапката бележи намалување од 0,22 п.п..
Во август годинава, просечната каматна стапка на новопримените депозити5 од
корпоративниот сектор изнесува 1,49% и оствари значаен месечен пораст од 0,64 п.п.,
пред сѐ како резултат на зголемувањето на каматните стапки кај депозитите во
странска валута и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,69 п.п. и 0,62 п.п.,
соодветно), делумно неутрализирани со падот кај каматната стапка на денарските
депозити со валутна клаузула (за 0,48 п.п.).
Во однос на август минатата година оваа каматна стапка е зголемена за 0,46 п.п..
Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во август изнесува 6,18%.
Во однос на јули, остварено е месечно намалувањето од 0,02 п.п. како резултат на
падот кај сите компоненти во оваа категорија: каматната стапка на кредитите во
странска валута (за 0,03 п.п.), како и каматните стапки на денарските кредити со и без
валутна клаузула (за 0,02 п.п., соодветно). На годишна основа, кај каматната стапка
на вкупните кредити на домаќинствата е забележан пад од 0,30 п.п..
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата во август
изнесува 5,35%, при евидентирано месечно намалување од 0,03 п.п. Од аспект на
валутната структура, намалувањето произлегува од падот на каматните стапки кај
сите валутни сегменти и тоа: каматните стапки на кредитите во странска валута,
Во август, просечната каматна стапка на вкупните депозити од домаќинствата се
задржа на минатомесечното ниво од 1,40%. Во однос на август 2017 година,
каматната стапка е намалена за 0,07 п.п..
Просечната каматна стапка на новопримените депозити од домаќинствата, во август
оствари месечен раст од 0,04 п.п. и изнесува 1,59%. Зголемувањето на месечна
основа главно се должи на растот на каматните стапки на денарските депозити без
валутна клаузула и депозитите во странска валута (за 0,16 п.п. и 0,08 п.п., соодветно),
во услови на пад на каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула (за
0,10 п.п.)

 

Најнови вести