Актуелно 26.01.2019 15:01

УМС на ВМРО-ДПМНЕ се приклучи кон акцијата за прехранување и згрижување на бездомните кучиња од Вардариште

УМС на ВМРО-ДПМНЕ се приклучи кон акцијата за прехранување и згрижување на бездомните кучиња од Вардариште

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ се приклучи кон акцијата на голем број активисти кои носат храна на бездомните кучиња во Вардариште.

Имено, членови на УМС однесоа пет вреќи со храна за кучиња и истите ќе се потрудат дел од кучињата да бидат згрижени.

Акцијата, како што информираат од УМС ќе продолжи секоја сабота. Од таму велат дека поради неажурноста и неработата на локалната власт, кучињата се оставени да изгладнуваат, условите не се најдобри, иако градоначалникот Петре Шилегов ветуваше подобрување на Вардариште.

Од УМС велат и дека голем број на бездомни кучиња имаме и по улиците, кои не се соодветно третирани од страна на службите на Град Скопје.