Актуелно 16.10.2018 19:42

Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ по повод денот за борбата против гладот

Хуманитарна акција на УМС на ВМРО-ДПМНЕ по повод денот за борбата против гладот

Денес по повод денот на борбата против гладот УМС на ВМРО-ДПМНЕ во повеќе општински комитети низ Македонија донираше храна, ова денеска преку Фејсбук статус го информираше ден од членовите на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Кепевски.

-Јас заедно со УМС на ВМРО-ДПМНЕ Центар организиравме хуманитарна акција. На ваков ден сакам да напоменам дека грижата за општеството и неговиот правилен развој мора да биде поголема. Наместо да се трошат пари на луксузи, цвеќиња, кафе и лубриканти треба да се насочат пари кон развој, стои во неговиот статус.