УНИ Банка ќе издаде нов капитален инструмент Перпетуални или “вечни” обврзници на износ од 5 милиони евра.
Издадениот капитален инструмент ќе се користи за зголемување на капиталот на банката.
Количината на обврзниците ќе биде 5.000 со апоенска структура од 1.000 евра.
Обврзниците ќе се понудат по цена од 1.000 евра.
Нето приходите од обврзницата ќе бидат додадени во основната главнина на Банката како додатен капитал и ќе се користат за кредитниот пораст.
Обврзниците не се гарантирани, односно не се покриени од друг вид на обезбедување на банката.
Ообврзници немаат рок на достасување и затоа се нарекуваат. „вечни“.
Тие ќе имаат фиксна каматна стапка за првите пет години од 9% на годишно ниво, а после тој период, во наредните две години се зголемува за уште 2% и ќе изнесува 11% на годишно ниво.
Банката може по сопствено видување да одлучи да ја укине, односно да не плаќа камата за неопределен временски период.
Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија во јуни на 2-рата седница со која претседаваше Претседателот на КХВ Нора Алити донесе одлука банките да можат да издаваат нова хартија од вредност – перпетуална обврзница, со што се збогати понудата на македонскиот пазар на капитал со уште еден финансиски инструмент. Тоа значи дека финансиските инструменти издадени од банка како капитални инструменти во форма на перпетуални обврзници кои можат да се вклучат во додатен основен капитал согласно Одлуката за методологијата за утврдување на адекватноста на капиталот од НБРМ, да се сметаат за хартии од вредност.