По повод 21ви Февруари кој се слави како интернационален ден на мајчиниот јазик, Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ организираше симболичен настан во центарот на градот.
Градскиот комитет на Унијата на Млади сили го одбележа денот со делење на извадок од книгата на Крсте П.Мисирков „За македонцките работи“ и бендот Acoustic Division кој исполни неколку Македонски песни.
Од УМС на ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека секогаш ќе ги одбележува деновите кој ја означуваат нашата традиција.
Претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески пред присутните кажа дека во овие тешки времиња за македонскиот јазик, кога истиот е нападнат од сите страни младината на ВМРО-ДПМНЕ се бори за негова афирмација и зачувување.
Тој истакна дека е особено значајно младите луѓе да го негуваат својот јазик, кој е богатство на еден народ.