Едно лице е убиено вечерва во кафеана во Кичево, пишува Независен весник.
Како што дознава „Независен весник“ убиен е сопственикот на локалот, но засега нема информации за убиецот. Неофицијално сопственикот бил избоден до смрт со остар предмет по кратка расправија со напаѓачот.
Мотивите засега не се познати. Полицијата и јавен обвинител извршија увид и локалот е заштитен со полициска лента.8