Актуелно 27.01.2019 10:50

Утрово најстудено во Тетово, најмногу снег на Шапка

Утрово најстудено во Тетово, најмногу снег на Шапка

Во Тетово утрово е најстудено, -11 степени, а максимален еден степен е измерен во Гевгелија.

Според УХМР, до 07:30 часот-10 било во Скопје Петровец, -8 во Прилеп, Битола и Дебар, -7 во Штип, -6 во Крушево, Демир Капија, Скопје Зајчев Рид и Крива Паланка, -4 во Охрид, Претор и Виница, како и -3 во Берово.

Висината на снежната покривка е 101 сантиметар на Попова Шапка, 35 во Тетово, 28 во Ѓуриште, 26 во Скопје Петровец, 25 во Демир Капија, 19 во Битола, 10 во Охрид и Штип, девет во Крива Паланка, Скопје Зајчев Рид и Претор, осум во Прилеп и Тополчани, четири во Виница и два сантиметра во Берово.

Времето утрово е студено со мала до умерена облачност и по малку магливо во Скопско и во Демир Капија. Понекаде дува слаб променлив ветер. Во текот на денот ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност поголема на северот и на истокот. Наутро ќе има услови за појава на магла. Во северните делови ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, а на југот и од пладневните часови ветерот ќе е јужен. Минималната ќе би де во интервал од -9 до -1, а максималната температура ќе биде во интервал од еден до девет степени.