По целосниот неуспех на референдумот за промена на името во недела, кога власта не само што не успеа да обезбеди цензус и извади 36.9% од гласачите, од кои голем дел на сила, и со над 50.000 гласови добиени по пат на полнење на кутии, Заев бил спремен за оставка, дознава ексклузивно Лидер од добро информирани извори блиску до Заев.
-Од неофицијални извори блиски до Заев дознаваме дека премиерот бил изненаден од резултатот, до мера да спрема и своја оставка, одлуката која ја соопштил на потесен број свои соработници брзо се проширила, а откако Заев се повлекол од штабот за следење на референдумот и набрзо потоа дошол иако видно нервозен и свесен за поразот ја сменил таквата одлука, пишува порталот.
Изворот од Бихаќка кажува дека навидум монолитната состојба во таборот на власта е целосно некомпактна партија, која пука по повеќе шавови, Заев – Шекеринска, партиски врв – пратеничка група, партиски врв – општински одбори.
Целата анализа, прочитајте ја на ЛИДЕР