Актуелно 12.02.2019 21:30

Вечерва снег во Македонија, еве каде вее во моментов- особено внимавајте на овој граничен премин!

Вечерва снег во Македонија, еве каде вее во моментов- особено внимавајте на овој граничен премин!

Слаб снег провејува на граничниот премин Деве Баир и на Попова Шапка, додека во западниот дел на земјата сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Од ЈП „Македонија пат“ соопштија дека во останатите делови од Републиката коловозите се претежно суви.

На одредени патни правци што поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.