На новинарско прашање дали ќе поднесе оставка, бидејќи референдумот не е успешен, односно не постигна цензус од над 50 отсто излезност, премиерот Зоран Заев рече дека нема намера да поднесе оставка.
– Рековме ако има еден глас против повеќе на референдумот, ќе понесам одговорност. Но на референдумот повеќе од 600 илјади граќани гласаа за. Не само што нема да поднесам оставка, туку и имам обврска, Македонија да ја однесам во ЕУ и НАТО – рече Заев.
Тој беше потсетен на негова изјава дека ако референдумот не успее тој ќе се повлече.
– Денеска имаме успешен референдум, најголемиот дел од граѓаните се изјаснија „за“ – рече Заев.
Претходно премиерот Зоран Заев најави дека ќе поднесе оставка доколку референдумот не успее.
-Како премиер имам мандат до декември 2020-та година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде, рече Заев на 31.08.2018-та.