Од ВМРО-ДПМНЕ бараат Зоран Заев да одговори на неколку прашања.
-Хунтата на единствениот политичар аболициран и помилуван за тежок криминал Зоран Заев да се одважи и да одговори:
Дали мајката на пратеник и партиски портпарол, едновремено и заменик на Заев во градоначалничката фотелја, беше единствена кандидатка со средно образование пријавена за вработување во Централниот регистар во Струмица?
Дали мајката на Заевата струмичка копија е поврзана со четири компании кои завршиле во стечај?
Со какви образложенија овие семејни фирми биле носени во стечај?
Дали партизацијата и непотизмот се главен критериум во администрација за европските интеграции?
Време е на половина од својот мандат оваа хунта на власт да преземе одговорност и да не ја лаже јавноста за “ланскиот снег”, велат од партијата.