Актуелно 15.09.2018 11:32

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека се губи институционалниот идентитет, Заев нема одговори и бега од дебата

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ призна дека се губи институционалниот идентитет, Заев нема одговори и бега од дебата

СДСМ призна дека македонската телевизија нема да биде македонска. Стево Пендаровски призна дека се губи институционалниот идентитет. СДСМ призна дека и МАНУ, нема да си го задржи името, туку дека ќе мора да го смени. Стево Пендаровски собра храброст и го кажа она што Заев не смее да го каже. Стево Пендаровски призна дека Македонија само губи со договорот со Грција, а не добива ништо, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Пендаровски призна, но Заев уште се плаши, затоа и бега од дебата и соочување, затоа што нема аргумент за губењето на институционалниот идентитет, историјата, културата и традицијата. Заев бега затоа што договорот кој го потпиша неговата влада е на директна штета на Република Македонија и ги понижува граѓаните. Заев бега од дебата затоа што нема одговор на прашањето зошто и дава алатка на Грција за блокирање на Република Македонија кон нејзиниот пат кон ЕУ со Комисијата за ревидирање на историјата, културата и археологијата, стои во соопштението и се додава:

„Овој договор е штетен  и власта го знае тоа, затоа и бегаат од одговори. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува овој штетен договор, ниту некогаш ќе го поддржи. Граѓаните се достоинствени, чесни и умни и знаат како да постапат на 30 септември. Тие сами треба да одлучат со разум и со срце како ќе се постават кон капитулантскиот договор и ВМРО-ДПМНЕ ќе ја почитува нивната волја. Зоран Заев човекот кој го промовира овој договор мора што побрзо да си замине од власт, пред штетите што ќе ги направи на државата да бидат ненадоместливи“.

Сите кои што не се согласуваат со срамните отстапки на Заев кои ги прифаќа само за да го покрие сопствениот криминал, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме да ни се придружат на протестен марш во недела со почеток во 13:00 часот пред црквата Св. Никола во Штип.