Мозаик 18.10.2018 16:25

Во очекување на Mac компјутери со процесори од Apple

Во очекување на Mac компјутери со процесори од Apple

Apple ги користи успешно сопствено-развиените процесори во мобилните уреди – смартфони, таблети и часовници, но во моментов нејзините компјутери се потпираат на чипови на Intel. Неодамна, сепак, се почесто се зборува дека компанијата ќе почне да вградува сопствени процесори и во Mac компјутерите.

Според аналитичарот Мин-Чи Куо, првиот РС со свој процесор на Apple ќе излезе на пазарот во 2020 или 2021 година. Нешто повеќе, се очекува тоа да биде чип со ARM архитектура, наместо x86, пишува „9to5mac“.

Во прилог, хипотетичкиот автомобил Apple Car би требало да излезе во 2023 година, исто така, со сопствена платформа на компанијата. Мин-Чи Куо зборува за автомобил, а не само за систем за автономно управување.

Со секоја измината година Apple станува се позависна од тајванскиот производител на чипови TSMC, кој се етаблира како главен партнер, а компанијата од Купертино сака тоа да го промени. Конкретно, TSMC се појави како ексклузивен производител на системите-на-чип (SoC) Apple A13 и A14.