Економија 30.05.2018 13:37

Во Турција драстично зголемен бројот на нови бизниси

Во Турција драстично зголемен бројот на нови бизниси

Бројката на новоотворени компании во Турција се зголемила за 33,1% во април, споредено со истиот месец лани, велат од Турскиот сојуз на комори и размена на стоки, пренесува Huriyet Daily News. Вкупно 8.456 нови компании се регистрирани изминатиот месец, за разлика од април 2017, кога бројката на новоотворени компании била 6.353, а 938 од нив се основани со странски партнери. Според податоците од комората, најмногу компании се отворени на полето трговија на големо и мало, а веднаш после тоа се секторите градежништво и производство.