Компании,Економија 05.12.2018 19:43

Хјундаи разгледува можност за производство во Хрватска

Хјундаи разгледува можност за производство во Хрватска

Еден од најголемите производители на автомобили во светот, јужнокорејскиот Хјундаи, разгледува можност за покренување производство во Хрватска.

Информацијата ја потврдија владини кругови за Јутарњи лист и укажуваат дека јужнокорејскиот производител покажал интересирање за вложување во Хрватска и анализира можност за инвестирање.

Разговорите се водат веќе два месеца.

Во овој момент не е познато колкава е вредноста на инвестицијата на Хјундаи во Хрватска. Но, според соговорници на весникот, како локација Хјундаи би го одбрале подрачјето околу Вараждин.

Таму веќе постојат компании што работат за автомобилска индустрија и би се произведувале автомобили, а не само делови, нагласува весникот.