Но, за таква средба, македонската јавност воопшто не е информирана.
Од Владата праќаат соопштенија за сите средби на Заев, со детали од разговорите и фотографии. Поради ова, се поставува прашањето поради што ја премолчуваат оваа средба?
КУРИР денес постави прашања:
„Зошто вие како Влада не ја информиравте јавноста за таа средба? Кога се одржала истата и за што било разговарано“?
Но, како и вчера кога прашувавме за најавената, а не реализирана инвестиција, така и денес, прес службата на Владата не испраќа одговори на новинарските прашања.
Инаку, Вучиќ денеска изјави дека „нема ништо против“ средбите на лидерите на опозицијата во Србија со странски високи претставници.
-Немам ништо против тоа. Тој се виде и со Сандуловиќ, тоа е веројатно истото друштво… Имаше уште некои контроверзни бизнисмени таму на вечерата. Но, тоа е се во ред, нормално… Се состануваат претставници на власта со опозицијата, власт со власта… што е тука чудно сега, сè е во ред, изјави Вучиќ запрашан да ја коментира средбата на српскиот опозициски лидер Драган Ѓилас со премиерот Зоран Заев, како и за тоа „дали Скопје е станат нов центар за уривање на неговата власт“.
Тој во изјава за Вечерни новости ја обвини земјава дека станала центар на разузнавачки активности за уривање на власта во Србија.
„Скопје стана она што некогаш беше Будимпешта, центар на разузнавачките активности против Србија, простор каде се обезбедува финансирање и поддршка на шпионите од целиот регион. Скопје стана простор од кој доаѓаат и ќе доаѓаат нападите врз Србија и претседателот Вучиќ“
За средбата во Скопје, од македонската Влада немаше ниту опфицијална најава ниту соопштение по нејзиното одржување, иако според соопштението на опозицискиот Сојузот за Србија, стои дека Ѓилас во земјава пристигнал на покана на премиерот Заев.
„Ѓилас го запозна Заев со актуелната ситуација во Србија, како и со двомесечните граѓански протести. Тргнувајќи од тоа дека делат исти социјалдемократски вредности, Заев и Ѓилас договорија соработка помеѓу СДСМ и организацијата која ќе ја формира Ѓилас во следниот период“-пренесе српскиот медиум.
Српската јавност дозна од својот претседател за оваа средба, но македонската јавност нема одговори. Што толку таинствено се зборувало на средбата за која Владата на Заев не сака да се знае, останува отворено прашање.