Актуелно 20.11.2018 11:01

Вучиќ: Србија не е диво племе па да го апси Груевски по кој немаше никаква потерница

Вучиќ: Србија не е диво племе па да го апси Груевски по кој немаше никаква потерница

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа потврди дека поранешниот македонски премиер и осуденик Никола Груевски влегол во Унгарија од Србија, на граничниот премин Хоргош.

Вучиќ, во емисијата Кирилица на ТВ Хепи изјави дека Никола Груевски влегол во Србија со уредни документи, дека во тој момент немало распишана потерница по него и дека српските власти постапиле според законот, отфрлајќи ги тврдењата дека Белград му помогнал да избега во Унгарија.

Тој остро ги осуди обвинувањата зошто српската Влада не го уапсила екс премиерот Груевски велејќи дека во тој момент немало никаква потерница за Груевски.

-Барате од Србија да апсиме лице по кое нема потерница. Тоа барате од Србија. Што сме ние, диво племе? Дива земја, да апсиме лица по кои нема ни потрага, дури ни меѓународна потерница. Наместо да се запрашате зошто е пуштен да замине од државата и зошто толку долго се чекало да се распише потерница, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на телевизија „Хепи“.