Бруто добивката за првото тромесечие од 2018 година достигна 126 мил. денари, или раст од 17% во однос на истиот период од 2017 година.
Растот на бруто добивката е резултат на зголемените приходи од продажба. Вкупните приходи од продажба забележаа раст за 30%. Приходите од продажба на домашен пазар се зголемија за 23 мил. денари, односно за 13%, а приходите од продажба на странски пазари се се зголемија за 63 мил. денари, односно за 57%.
Оперативната добивка е на исто ниво како и минатата година.
Како резултат на пониските финансиски расходи, остварена е добивка од редовно работење од 23 мил. денари, што претставува зголемување за 5,5 мил. денари.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука