Деновиве јавноста ја тресат бројни скандали поврзани со вработување на роднини на високи функционери од владејачката СДСМ. Но премиерот Зоран Заев кога беше опозиција уверуваше дека главен критериум за вработување нема да биде партиската книшка.
-Главниот критериум за вработување нема да биде партиската книшката туку стручноста и работното искуство. Доходот се слева кон мала група луѓе во власта што само се богати, а осиромашуваат сите останати. Зарем некој се уште го лаже паметот дека ќе бидеме наивни и сето тоа за кое се боревме ќе падне во вода, ветуваше премиерот Зоран Заев кога беше опозиција.