Повлекувањето на инвеститорите од пазарите во развој се забрза во текот на изминатата недела. Пазарите на обврзници ги имаа најлошите одливи во изминатата година и губеа пари трета недела по ред заради најдолгото повлекување од 2016година, пишува Фајненшл Тајмс. Ренесансата на доларот и придобивките на американското министерство за финансии – тригерирани од загриженоста дека Федералните резерви ќе ги зголемат стапките поагресивно отколку што беше очекувано – го зголеми притисокот на пазарите во развој.
Ваквиот пад на индексите на овие пазари ги закисели апетитите на инвеститорите. Еквити фондовоите за пазари во развој имаа одлив од 1.6 милијарди долари за седум дена до 9-мај. Широко наменети глобални фондови за пазари во развој најмногу го покажаа ударот, од нив инвеститорите повлекоа 1,1 милијарди долари. Ова е најголемиот одлив од декември 2016. Забрзано празнење има и во фондовите наменети за развој на светот. Центар на ваквите турбуленции беше Аргентина која го повика ИМФ (Интернационален монетарен фонд) за помош откако нивната валута доживеа пад од 18 отсто. Турција, уште една голмеа земја во развој со одржлив државен дефицит, исто така доѓивеа силни удари. Скоро сите поголеми валути од пазарите во развој, освен руската рубља и филипинскиот пезос, имаа пад во однос на доларот во изминатиот месец.