Премиерот Зоран Заев најави оставка доколку референдумот не успее.
-Како премиер имам мандат до декември 2020-та година. Ако падне референдумот и не успее, веројатно завршуваме ние со политиките овде, рече Заев на 31.08.2018-та.
Во друга прилика, потврди дека ќе си замине бидејќи беше сигурен дека ќе има успешен референдум.
-Јас сум толку сигурен дека ќе успее референдумот во Република Македонија, што одговорот е ДА, ќе заминам. Ако не успее референдумот во Република Македонија, тоа значи дека едни од најсериозните гаранции за иднината на мојата земја јас не сум успеал да ги постигнам, убедувајќи го мнозинството од овој народ, рече Заев на 25.06.2018-та.
До 18:30 часот, на референдумот излегле да гласаат само 34,09 % oд избирачите во Македонија. Ова се податоците од 84.83% пристигнати места. Последните бројки, пласирани официјално, од Државната изборна комисија, се потврда дека рекордна ниска излезност се забележува на денешното гласање.
Извесно е дека референдумот во Македонија нема да успее, а дали Заев ќе си стои на зборот, останува да видиме.