Актуелно 31.01.2019 13:24

Заев: Албанскиот јазик стана официјален, на таблата на владата „Северна Македонија“ ќе пишува и на албански

Заев: Албанскиот јазик стана официјален, на таблата на владата „Северна Македонија“ ќе пишува и на албански

Премиерот Зоран Заев во вчерашното интервју дадено за Регионалната телевизија Н1 за емисијата „Пресинг“ изјави дека албанскиот јазик станал официјален јазик на целата територија на Република Македонија, и дека по стапувањето на сила на уставните промени ќе бидат сменети сите табли со името Северна Македонија, на кои покрај на македонски името ќе биде напишано и на албански.

– Денеска кога го давам ова интервју на Владина седница дадов насоки веднаш штом Уставот стапи на сила да започне промената на сите табли на нашите амбасади во целиот свет, да се променат сите табли на нашите автопати, на граничните премини, на сите институции во нашата земја, дури и на оние институции каде што има 20 проценти на граѓани да бидат плус на албански јазик, рече Заев.

Заев додаде дека освен на македонски јазик Влада на Република Северна Македонија ќе биде напишана и на албански јазик, односно како што рече тој сите табли на автопатите и граничните премини ќе бидат на албански јазик согласно Законот за двојазичност, каде што покрај македонскиот јазик и албанскиот јазик стана официјален јазик на цела територија на државата.

Овде пред влада ќе биде Република Северна Македонија, на македонски јазик и на албански јазик. На граничните премини има табли на македонски, на англиски и француски, но ќе биде уште и на албански јазик на онаа територија на општини каде што Албанци се повеќе од 20 проценти, дефинирано со законот за употреба на јазиците, вели Заев.