Актуелно 05.08.2018 11:54

Заев без компас: Тврди дека е Комита, а не знае каде се наоѓа гробот на Гоце Делчев

Заев без компас: Тврди дека е Комита, а не знае каде се наоѓа гробот на Гоце Делчев

Македонскиот премиер Зоран Заев, според изјавите кои самиот ги дава, се чини дека останал без компас.

-Јас сум политичар кој што секогаш сака да внимава на изјавите кои не се во корист на нашата Македонија. Илинденското востание е Македонско, ако некој граѓанин од Бугарија сака да го чествува – нека го чествува. Јас сум горд што сум првиот премиер што го чествува Илинден како премиер што се поклонува пред гробот на Делчев, рече тој за 1ТВ.

Пред чиј гроб се поклонил Заев кога оваа година тој Илинден го славеше во Бугарија?

На големиот македонски празник Илинден, премиерот прво го посети кумановско Пелинце, а потоа замина во Благоевград, Бугарија, за заедно со Бојко Борисов да го слави овој датум важен за Македонците.

Гробот на Гоце Делчев се наоѓа во Скопје, во црквата Свети Спас. Со оглед на фактот што Заев на Илинден не беше во Скопје, не ни можел да се поклони пред гробот на македонскиот револуционер. Или пак, Заев мисли дека гробот на Делчев е во Благоевград, затоа што тој за 2-ти Август таму се поклонуваше.

Македонскиот премиер, инаку, се смета себеси за Комита.

-Храбри сме и знаеме, дека во секој граѓанин на Македонија има по еден партизан и по еден комита! Заедно ја напишавме нашата историја! Заедно ќе ја градиме нашата вековна иднина, напиша Заев на својот Фејсбук профил.

Компасот некаде е загубен. Не може човек кој тврди дека во него има Комита, да не знае каде е гробот на Делчев.

Ѓорѓи Николов Делчев, познат како Гоце Делчев (Кукуш, 4 февруари 1872 – Баница, 4 мај 1903) бил македонски национален херој, учесник во македонското револуционерно движење, деец на Македонската револуционерна организација, апостол и срцето на револуционерна Македонија, идеолог, организатор и водач на македонското револуционерно националноослободително движење кон крајот на XIX и почетокот на XX век.