Актуелно 28.02.2019 10:19

Заев губи рејтинг, Ордановски губи контрола

Заев губи рејтинг, Ордановски губи контрола

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во „Печат на неделата“ каде водеше жесток дуел со новинарот Сашо Ордановски кого Мицкоски го нарече бард на новинарстово, но и дека има чувство дека во емисијата води холограмски дуел со премиерот.

Нејасна е целта зошто Орданоски го поканил Мицкоски на интервју, а од она што го видовме – за да го понижува од позиција на домаќин, на некој кој по логиката на нештата е надреден. Повеќепати му повтори дека е машинец и не се разбира во право, па потоа да го пофали дека му оди математика.

Упатените коментираат дека главната причина за ваквиот однос вечерва се должи на падот на рејтингот на премиерот Зоран Заев и неговата матична партија СДСМ, нешто што се докажа со денешната одлука на претстојните избори да настапат заедно со коалицискиот партнер ДУИ, се со цел вештачки да го зголемат своето конто на гласови.

Неодамна беше објавена и анкета на телевизија Телма на која се забележа зголемен рејтинг кај лидерот на опозицијата Мицкоски, додека кај македонското гласачко тело партијата ВМРО-ДПМНЕ е во убедливо водство пред СДСМ.