Премиерот Зоран Заев вечерва во интервју дадено за вестите на Сител рече дека се стопира мегаломанското градење, но ќе се дозволи градење со усул.
Но, и покрај ова, зградата во општина Аеродром кај „Мајчин дом“ ќе се гради. Се стопира мегаломанското градење, но се дозволува градењето со усул, вели Заев.
Со ова се покажува дека владата на СДСМ и градоначалникот Златко Марин немаат слух за барањата на жителите на Аердорм да се прекине со градење кај „Мајчин дом“.
Иако во неколку наврати граѓаните излегоа на мирен протест да го искажат револтот од ветувањата на Марин, дека со самото стапување на функцијата градоначалник на Аеродром, ќе го стопира и ова градење тоа и после една година од неговиот мандат не се случи.
Сепак, мегаломанската градба не запреа како што вели Заев, и покрај тоа што градоначалникот Златко Марин може да ги искористи правните механизми со кои располага неговата општина и да поведе постапка за промена на спорните Детални урбанистички планови на територијата на Аеродром.