Актуелно 01.10.2018 12:57

Заев ја губи поддршката во Струмица, СДСМ падна за 15%

Заев ја губи поддршката во Струмица, СДСМ падна за 15%

Освен цела Македонија грб на Зоран Заев на вчерашниот референдум му сврти и неговата Струмица.

Според последните резултати на ДИК бројките покажуваат катастрофална излезеност во Струмица на вчерашниот референдум за промена на името.

На вчерашниот референдум излезеноста во Струмица изнесувала 36,59 проценти, а во споредба со резултатите од парламентарните избори излезеноста била 63,11 проценти, додека на локалните избори лани исто така процентот изнесувал 63,11.

Претворено во бројки СДСМ има загубено повеќе од две илјади гласачи, или 15% .