Актуелниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев се очекува да биде кандидат на престојните претседателски избори идната година, пишува агенцијата ИНА. Неговата кандидатура веќе е започната во партиските органи и сега е внатрепартиска дебата.
-Досега се одржуваат само дебати на таа тема и сеуште нема ништо конкретно заради моменталните случувања во земјата, нагласиле извори од СДСМ за ИНА.
Заев планира да седне на претседателското столче, додека премиер највероватно ќе биде некое друго име кадар на СДСМ.
Едно од имињата кое се спомнува дека ќе го наледи Заев на премиерското столче е Оливер Спасовски, но поради скандалот со бегството на Груевски неговата позиција за премиер веќе почна да се ниша. Овие информации ги потврдија и партнерите на СДСМ, кои велат дека има такви анализи и калкулации за претседателските избори кои се очекува да се одржат во пакет заедно со парламентарни.