Премиерот Зоран Заев не престанува да ја изненадува македонската јавност со своите скандалозни изјави полни со гафови и лични признанија за функционирањето на актуелната Влада. Вчера од Неготино тој пред насобраните граѓани изјави дека политичарите манипулираат.
– Можеме да правиме политички калкулантства, можеме како сакаме да се правдаме. Нас политичарите не бива да манипулираме како сакате, политиката тоа во светот го прави и во Македонија видовме сиве овие години, кажа Заев.