Актуелно 20.01.2019 15:46

Заев се фали дека градел општество за сите, а апси и тргува со слобода на пратеници, замрзнува имот на опозиција, менува име против волја на народот

Заев се фали дека градел општество за сите, а апси и тргува со слобода на пратеници, замрзнува имот на опозиција, менува име против волја на народот

Премиерот Зоран Заев се фали пред јавноста дека градел општество за сите, а на дело прави нешто сосема спротивно.

Тој тргуваше со слобода на пратениците кои беа во притвор или во куќен притвор како осомничени за случувањата на 27-ми април.

Со цел да ги убеди да гласаат за уставните измени и со тоа да го аминуваат договорот кој тој го потпиша со Грција, Заев ги уценуваше со нивната слобода.

Партиски штабови, станови, земјоделски површини, имоти со стари куќи и штала. Долг е списокот на недвижен имот којшто ВМРО-ДПМНЕ нема да смее да го продава или дава под закуп.  Имот на опозицијата беше замрзнат, а овој потег беше дефиниран како директна политичка пресметка во име на партијата.

Сепак, покрај сево ова, најголемиот удар кој го зададе е газење на волјата на граѓаните и грубо, незаконско менување на Уставот. На Заев воопшто не му беа важни резултатите од референдумот, каде граѓаните со бојкот испратија многу јасна порака.

Тој беше решен да го промени уставното име на Република Македонија и тоа го направи.

Сосема е јасно дека Заев не градо општество за сите, туку општество за себе, неговите сопартијци и соработници.