Бен Бродбент, заменик гувернерот на Англиската Банка рече дека економијата на Обединетото Кралство издржва процеп во продуктивноста како во Викторијанската ера, пишува Гардијан.
Заменик гувернерот на Банката на Англија се извини за тоа што рече дека економијата е во „менопаузална“ фаза откако го има одминато својот продуктивен врв. Бен Бродбент беше бовинет дека користи мрзлив, сексистички јазик кога ја споредувал состојбата на економијата со доцната Викторијанска ера, кога паузата меѓу парните машини и ерата на електричната енергија создало процеп во продуктивноста. Во Интервју за Телеграф, Бродбент рекол дека терминот користен од економските историчари опишува „климактеричен“ процеп, кој во суштина значи „менопаузален, но може да се однесува на двата пола и значи едноставно дека сте го поминале продуктивниот врв.
Овие изјави на Бродбент беа опишани како „сосема несоодветен“.