Жико Мирковиќ од Заблача е еден од 120 земјоделци во чачанскиот крај кој одгледува корнишони, и ги пласира на германскиот пазар, објави Б92.
Вели колку повеќе се бере, толку повеќе има род.
Раскажува дека корнишоните се засадуваат на мала површина, а за 3 месеци има заработка од 3000 евра.
Откуп има секој ден, а парите ги добива по седум дена.
Но, додава дека целта е со овој бизнис да се занимава семејството, а доколку се плаќаат работници, тогаш заработката не е толку голема.
Очекува дека оваа година за Германија ќе заминат еден тон корнишони.