Зоран Заев спротивно на волјата на граѓаните го продава името на државата. Граѓаните јасно и недвосмислено на референдум кажаа дека не се согласуваат со промена на уставното име, Заев оди спротивно на нивната волја и ја силува демократијата и парламентарните процедури, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Зоран Заев е човек кој до гуша е потонат во криминал. Тендерите и бизнисите во четири очи кои ги делат помеѓу себе милионите од државниот буџет мора да запрат. Црнилата кои надвиснале над бизнисот и граѓаните мора да си одат. Заев јавно го призна и непотизмот и потврди дека се вработуваат роднини на функционери, ова е срамно и недозволиво за една демократска држава. Ниту една фирма не работи, работат само фирмите на Заеви и луѓето околу него. Странски инвестиции нема. Заев лаже и манипулира со бројот на странски инвестиции. Граѓаните не се сеќаваат кога последен пат е отворена некоја инвестиција во зоните, тоа се должи на лошата економска и даночна политика на власта. Даноците кои ги зголеми оваа власт ги погодуваат сите, како граѓаните, така и фирмите, а се со една единствена цел да се полни буџетот за компаниите на Заеви и луѓето блиски до нив да црпат милиони преку тендери и договори во четири очи, се наведува во партиската реакција.
Од ВМРО-ДПМНЕ порачуваат дека власта стана синоним за неработа.
-Застојот на полето на капиталните инвестиции е доволен показател за тоа. Нема ништо од најавените 600 километри автопат, 550 километри магистрални патишта и 1200 километри локани патишта. СДСМ се што вети излажа. Власта донесе црнила и мака за граѓаните. СДСМ мора да си замине. Зората мора да изгрее за Македонија, велат од партијата.