Изгледа едка бројните афери сепак го земаа својот данот, а можеби и се случува некоја точка на прекршување во дигиталниот свет. Резултатите за второто тримесечје се прва најава за цената која ќе ја плати Facebook, поради новиот европски закон за приватност, но и поради скандалите поврзани со нарушување на приватноста, вклучувајќи го и оној за злоупотребата на личните податоци на корисниците, со компанијата Cambridge analytica, за да се влијае на гласачите во текот на претседателските избори во САД 2016 година.
За само два часа тргување, компанијата остана без 150 милијарди долари пазарна капитализација. Оваа социјална мрежа има и забавен раст на корисници, што значи дека веројатно го доживува својот максимум и тоа е можеби точка на пресврт.
Оваа социјална мрежа објави полоши резултати од очекуваното, и предупреди дека следната година нејзините трошоци ќе растат повеќе од приходите.
Како што стои во извештајот, приходите на Facebook, во второто тромесечје изнесуваа 13,2 милијарди долари, 42 отсто повеќе во однос на истиот тој период минатата година. При тоа, профитот порасна на 5,1 милијарди евра.
Целото ова претставува побавен раст на финансиските резултати во однос на претходните квартали и нешто помал, во однос на она што го очекуваа аналитичарите.